Снимен кампот на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Синџар кај Мосул, во Ирак

Новинската Агенција Анадолија „АА“ ги сними камповите и сферите на политичко делување на ПКК која 6 години како го продолжува своето постоење во населеното место Синџар кај градот Мосул, во Ирак и овде реализира различни воени и политички активности

1508231
Снимен кампот на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Синџар кај Мосул, во Ирак

Сепаратистичко-терористичката организација ПКК за која согласно договорот помеѓу Багдад и Ербил се предвидува да се стави крај на нејзиното присуство во населеното место Синџар кај градот Мосул во Ирак, го продолжува своето делување во ова подрачје.

Новинската Агенција Анадолија „АА“ ги сними камповите и сферите на политичко делување на ПКК која 6 години како го продолжува своето постоење во населеното место Синџар кај градот Мосул, во Ирак и овде реализира различни воени и политички активности.

Тоа што на потпишаниот договор помеѓу централната ирачка Влада и Регионалната курдска управа на Ирак се наоѓа член за ставање крај на присуството на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, уште еднаш го постави на дневен ред присуството на оваа терористичка организација во подрачјето.

Новинската Агенција Анадолија „АА“ која ги сними камповите на ПКК во Синџар отворено покажа дека оваа сепаратистичко-терористичката организација го продолжува своето постоење во подрачјето.

Според снимките снимени од страна на дописникот на Агенцијата Анадолија „АА“, во Синџар кадешто се стационирани терористите на ПКК има кампови на организацијата за обука, таканаречени народни собранија и контролни пунктови.

Инаку, претходно беше соопштено дека на одржаниот состанок на 9 октомври во главниот град на Ирак Багдад е постигнат договор во врска со решавањето на проблемите во Синџар кое е познато како едно од подрачјата со спорен статус помеѓу Багдад и Ербил и кадешто делува сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

На одржаниот состанок под претседателство на ирачкиот премиер Мустафа ал-Ќазими, учествуваа специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) за Ирак Џенин Хенис, делегација на Регионалната курдска управа во Ирак и претставници на заедницата на Езидите.

Сепаратистичко-терористичката организација ПКК под изговор на терористичката организација ДЕАШ се стационира во Синџар и околината во 2014 година.



Слични вести