Претседателот Ердоган разговараше телефонски со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во телефонскиот разговор беа разгледани односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), како и регионални прашања на чело со случувањата во Источниот Медитеран

1507710
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во телефонскиот разговор беа разгледани односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), како и регионални прашања на чело со случувањата во Источниот Медитеран.

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор истакна дека треба да бидат заживеани односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), ЕУ треба да ги исполни своите обврски во рамките на постигнатиот меморандум од 18 март и да се постигне напредок по прашањата на Царинската унија и визната либерализација.

Велејќи дека и покрај добронамерните приоди на Турција, Грција ги продолжува своите чекори со коишто се зголемува тензијата во Источниот Медитеран, Ердоган рече дека се очекуваат конкретни чекори од Европската унија (ЕУ) за да би можела да се одржи Конференцијата за Источниот Медитеран којашто е предложена од страна на Турција.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Ерменија која ги окупира териториите на Азербејџан, по реализираниот напад врз областа Товуз кадешто се наоѓаат цевоводи за транспорт на природен гас и нафта, а потоа и врз градот Генџе (Ганџа), ја доведува во опасност и безбедноста на снабдувањето со енергија на Европа.

Претседателот Ердоган воедно ја повика Европската унија (ЕУ) да презентира доследен (конзистентен) став по прашањето на територијалниот интегритет на Азербејџан.

 



Слични вести