Порака од претседателот Ердоган по повод денот на прогласувањето на Анкара за главен град

Претседателот Ердоган во својата порака го честита прогласувањето на Анкара за главен град, која за време на народноослободителната борба беше главен штаб и центар за донесување и раководење со донесените одлуки за независноста и иднината на Турција

1507715
Порака од претседателот Ердоган по повод денот на прогласувањето на Анкара за главен град

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод одбележувањето на денот на прогласување на Анкара за главен град, пред точно 97 години, на 13 октомври 1923 година.

Претседателот Ердоган во својата порака го честита прогласувањето на Анкара за главен град, која за време на народноослободителната борба беше главен штаб и центар за донесување и раководење со донесените одлуки за независноста и иднината на Турција.

Ердоган во пораката го истакна следното: „Анкара, која во периодот на националната борба (1919-1923) и во процесот на изградбата на Република Турција одигра историска улога, и денеска ја продолжува својата значајна положба за нашата земја кадешто е домаќин на критични институции и организации, а пред се на нашето Големо Народно Собрание на Турција, како место кадешто се манифестира националната волја.

На овој достоинствен и значаен ден, со почит и благодарност се сеќавам на нашите јунаци од националната борба, сите наши шехиди и газии, на чело со (основоположникот на Републиката) Гази Мустафа Кемал Ататурк, ја честитам годишнината од прогласувањето на Анкара за главен град, од сѐ срце ги поздравувам нашите граѓани.“



Слични вести