На безбедносните сили во градот Ширнак им се предадоа уште 5 мина терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека со заеднички активности за убедување водени од страна на жандармеријата и полицијата во градот Ширнак, им се предадоа на безбедносните сили 5 мина терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1507870
На безбедносните сили во градот Ширнак им се предадоа уште 5 мина терористи

Со заеднички активности за убедување водени од страна на жандармеријата и полицијата во градот Ширнак, им се предадоа на безбедносните сили уште 5 мина терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, како резултат на успешните активности за убедување коишто се водат, продолжува процесот на распаѓање на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во тие рамки, во градот Ширнак на безбедносните сили им се предадоа уште 5 мина терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК со што бројот на терористите кои се предадоа по пат на убедување од 1 јануари досега се зголеми на 181.

Семејството на едниот од 5 мината предадени терористи се наоѓа меѓу семејствата кои дежураат во градот Дијарбакир за своите деца кои биле киднапирани или насилно однесени на планина од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.



Слични вести