Генерал на армија Јашар Ѓулер се состана со својот катарски колега генерал потполковник Ал Ганим
Началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер го пречека со воена церемонија началникот на Генералштабот генерал потполковник Ганим бин Шахин ал-Ганим

Началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер се состана со началникот на Генералштабот генерал потполковник Ганим бин Шахун ал-Ганим.
Според објавеното соопштение преку профилот на Генералштабот на социјалната мрежса Твитер, генерал на армија Јашар Ѓулер го пречека со воена церемонија началникот на Генералштабот генерал потполковник Ганим бин Шахин ал-Ганим кој престојува во официјална посета на Анкара.
По воената церемонија, двајцата началници на генералштабови остварија средба лице в лице во Генералштабот.
Началникот на Генералштабот на Катар генерал потполковник Ганим бин Шахин ал-Ганим во рамките на својата посета на Анкара беше примен и кај министерот за национална одбрана Хулуси Акар
На приемот беа разменети мислења во врска со билатералните односи и регионални одбранбено-безбедносни прашања.