Фахреттин Алтун: Ги повикуваме сите страни, пред се Грција, да ги поддржат напорите на Турција

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун: „Нашата порака е јасна; Ја продолжуваме нашата приврзаност кон дипломатското решение, упатуваме повик до сите страни, пред се до Грција, да ги поддржат дипломатските напори на Турција“

1507761
Фахреттин Алтун: Ги повикуваме сите страни, пред се Грција, да ги поддржат напорите на Турција

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун сподели објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со повторното отпловување на бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ во Источниот Медитеран, од пристаништето кадешто се наоѓаше за своите рутински работи за одржување и снабдување. 

Алтун во објавата истакна дека Турција ја продолжува својата приврзаност кон дипломатското решение во Источниот Медитеран. 

Алтун рече: „Упатуваме повик до сите страни да ги поддржат напорите на Турција.“

Нагласувајќи дека „Оруч Реис“ ќе ги продолжи своите активности во границите на морските сфери на надлежност на Турција, шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во својата објава го напиша следното:

„Нашата порака е јасна; Ја продолжуваме нашата приврзаност кон дипломатското решение, упатуваме повик до сите страни, пред се до Грција, да ги поддржат дипломатските напори на Турција. Меѓутоа, доколку велите 'она што ми припаѓа мене е мое, а она што е твое е предмет на преговори', не може да се преговара. Не дојдовме лесно до овие денови. Под лидерство на нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган една по една ги надминавме препреките за коишто се велеше дека се 'непроодни'. Секогаш добија нашата земја, нашиот народ. Нема застанување, го продолжуваме патот. Нека му е отворен патот на нашиот Оруч Реис.“



Слични вести