Чавушоглу: Ние ќе ја поддржиме одлуката на Азербејџан на маса и на терен, под секакви услови

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу уште еднаш порача дека Турција ќе ја поддржи одлуката што ќе ја донесе Азербејџан на маса и на терен, под секакви услови

1508274
Чавушоглу: Ние ќе ја поддржиме одлуката на Азербејџан на маса и на терен, под секакви услови

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анкара се состана со шведската министерка за надворешни работи Ан Линде со која потоа одржаа и заедничка прес-конференција.

Овде, министерот Чавушоглу уште еднаш порача дека Турција ќе ја поддржи одлуката што ќе ја донесе Азербејџан на маса и на терен, под секакви услови.

Нагласувајќи дека Турција под секакви околности и услови стои покрај братски Азербејџан, како држава и како народ, Чавушоглу напомена дека решението е во повлекувањето на Ерменија од териториите на Азербејџан.

Мевлут Чавушоглу се осврна и на повиците за прекин на огнот коишто пристигнуваат од меѓународните средини и го рече следното: „Како надополнување на повикот за прекин на огнот, доколку пристигне повик и до Ерменија да се повлече од териториите на Азербејџан, тогаш би можеле навистина да ја видиме желбата на меѓународната заедница за решавање на овој проблем.“

Осврнувајќи се и на прекуграничните операции на Турција во рамките на борбата против тероризмот, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека не се води борба против Курдите, туку против терористите.

Чавушоглу нагласи дека Турција нема да цел да ја распарчи Сирија и додаде дека оној кој сака да ја распарчи Сирија е сепаратистичко-терористичката организација ПКК, за западните земји пак, кои ја поддржуваат оваа терористичка организација се однесуваат дволично.

Шведската министерка за надворешни работи Ан Линде, го рече следното: „И покрај тоа што е постигнат прекин н аогнот (во Нагорно Карабах), чувствуваме длабока загриженост од судирите коишто продолжуваат. Ги повикувам (страните) да ги сопрат овие судири и да се придржуваат кон договорот.“



Слични вести