Борбата на Турција против Ковид-19: Регистрирани 62 починати, 1.632 новозаразени, 1.314 оздравени

Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 62 лица, дијагностицирани се 1.632 новозаразени, оздравеа 1.314 пациенти; Досега починаа вкупно 8.957 лица, инфектирани се 338.779, а оздравеа 296.972 лица

1508369
Борбата на Турција против Ковид-19: Регистрирани 62 починати, 1.632 новозаразени, 1.314 оздравени

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 62 смртни случаи. 

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна до 8.957 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 114.992 тестирања од кои се дијагностицирани 1.632 новозаразени.

Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19) изнесува 338.779 лица.

Со отпуштање од болница на уште 1.314 излекувани вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 296.972 лица.



Слични вести