Турција објави нов „NAVTEX“: „Оруч Реис“ ќе врши истражувања во Источниот Медитеран до 22 октомври

Според овој нов издаден „NAVTEX“, бродот „Оруч Реис“ ќе реализира активности за истражување во јужниот дел на островот Меис (грчки Кастелоризо) во Источниот Медитеран, до 22 октомври во 21:00 часот (по турско време)

1506984
Турција објави нов „NAVTEX“: „Оруч Реис“ ќе врши истражувања во Источниот Медитеран до 22 октомври

Турција објави нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) во врска со активностите на бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ во Источниот Медитеран.

Според овој нов „NAVTEX“, бродот „Оруч Реис“ ќе реализира активности за истражување во јужниот дел на островот Меис (грчки Кастелоризо) во Источниот Медитеран, до 22 октомври во 21:00 часот (по турско време).

Бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ активностите за истражување во Источниот Медитеран ќе ги реализира заедно со бродовите „Атаман“ и „Џенгизхан“.

Бродот „Оруч Реис“ долг 87 метри и широк 23 метри кој 90 отсто е од домашен дизајн, изработка и интеграција, на чело со пребарувања на природни ресурси во континенталниот гребен може да реализира секој вид геолошки, геофизички, хидрографски и океанографски истражувања.

На бродот „Оруч Реис“ кој е едниот од ретките целосно опремени и повеќе наменски бродови за истражување можат да се вршат воедно и дводимензионални и тродимензионални сеизмички, гравитациски и магнетни геофизички истражувања во морето. 

„Оруч Реис“ може да реализира тродимензионални сеизмички операции на длабочина до 8.000 метри и дводимензионални сеизмички операции на длабочина до 15.000 метри во морето.



Слични вести