Претседателот на Собранието на Турција Мустафа Шентоп: Ерменија веќе претставува глобален проблем

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во својата споделена објава на Твитер напиша: „Ерменија веќе претставува глобален проблем“

1506995
Претседателот на Собранието на Турција Мустафа Шентоп: Ерменија веќе претставува глобален проблем

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека и покрај донесената одлука за прекин на огнот со Азербејџан во Москва, Ерменија ги продолжува нападите со кои се таргетираат цивилите.

Шентоп истакна дека Ерменија веќе претставува глобален проблем.

Нагласувајќи дека овие напади поради тоа што ги таргетираат директно цивилите претставуваат воено злосторство и треба да бидат изнесени пред суд, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во својата објава напиша: „Ерменија веќе претставува глобален проблем.“

Инаку, Азербејџан и Ерменија на одржаните завчерашни разговори во главниот град на Русија, Москва, донесоа одлука за прекин на огнот со хуманитарна цел којшто стапи во сила на 10 октомври, во сабота, во 12:00 часот по локално време и кој предвидуваше размена на мртвите и заробениците во Нагорно Карабах.

Меѓутоа, без да поминат ниту 24 часа од прогласениот привремен прекин на огнот ерменската армија повторно изврши ракетни напади врз азербејџанските цивилни населени места.

Во ракетниот напад врз градот Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан животот го загубија 11 азербејџански цивили од кои 4 жени и 2 деца, а 35 мина цивили се ранети од кои 16 жени и 6 деца.

 



Слични вести