Министерот Донмез: „Оруч Реис“ отплови кон Источниот Медитеран за продолжување на своите активности

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез информира дека бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ ги заврши своите работи за одржување и снабдување и отплови за реализирање на своите активности за рентген снимање на Средоземното Море.

1507336
Министерот Донмез: „Оруч Реис“ отплови кон Источниот Медитеран за продолжување на своите активности

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ ги заврши своите работи за одржување и снабдување и отплови за реализирање на своите активности за рентген снимање на Средоземното Море.

Министерот Фатих Донмез во својата објава напиша: „Нашиот брод за сеизмички истражувања 'Оруч Реис' ги заврши своите работи за одржување. Нашиот брод отплови за рентген снимање на Средоземното Море. Ќе продолжиме со истражување, дупчење и одбрана на нашите права. Ако има сигруно ќе најдеме.“



Слични вести