Хулуси Акар: Немојте да не тестирате, Турција нема да дозволи никаква состојба на свршен чин

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во врска со случувањата во Егејското Море, Источниот Медитеран и Кипар рече: „Немојте да не тестирате. Дојдете, се што треба да се направи да го направиме со разговори, средби, сето тоа да го решиме со дијалог“

1507651
Хулуси Акар: Немојте да не тестирате, Турција нема да дозволи никаква состојба на свршен чин

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантите на родовите учествуваше на церемонијата на отворање на новата академска година на Военото училиште на Универзитетот за национална одбрана.

Министерот Акар во говорот што го одржа овде во врска со случувањата во Егејското Море, Источниот Медитеран и Кипар го рече следното: „Немојте да не тестирате. Дојдете, се што треба да се направи да го направиме со разговори, средби, сето тоа да го решиме со дијалог. Во решавањето на сите наши проблеми сме на страната на меѓународното право, во усогласеност со вообичаените практикување, со почит кон билатералните договори и добрососедските односи.“

Нагласувајќи дека оние кои се против Турција не приоѓаат на овој начин кон прашањата, Хулуси Акар рече: „За жал не можеме да добиеме одговор на сите овие наши активности за дијалог, средба и решавање на проблемите во усогласеност со правото. Во секоја можност пред нас се појавуваат однесувања во правец на затегнатост, напад и во извесна мера покачување на тензијата. Зошто? Бидејќи, поради поддршката којашто им е дадена од страна на Западот на времето, постои една извонредна разгаленост. И третите страни не приоѓаат доволно кон решавање на проблемите по пат на објективност, непристрасност и здрав разум. И тоа го изнесуваме во секоја прилика за време на разговорите коишто ги остваруваме со трети страни, ги покануваме на здрав разум. Додека некои зад затворени врати признаваат многу работи, откако ќе излезат надвор го велат сето она коешто не го кажуваат отворено, не можат да го кажат поради различни причини.“ 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар подвлече дека Турција нема да дозволи било каква состојба на свршен чин и го подвлече следното: „Затоа велиме 'ние сме решителни, одлучни и силни'. Немојте да не тестирате. Дојдете, се што треба да се направи да направиме со разговори, средби, сето тоа да го решиме со дијалог.“

 

 



Слични вести