Фуат Октај: Ерменија која повторно ги таргетираше цивилите извршува злосторство против човештвото

Потпретседателот Фуат Октај на својот профил на социјалната мрежа Твитер, напиша: „Ерменија која без да поминат ниту 24 часа од прекинот на огнот повторно ги таргетираше цивилите, извршува злосторство против човештвото“

1507002
Фуат Октај: Ерменија која повторно ги таргетираше цивилите извршува злосторство против човештвото

Потпретседателот Фуат Октај во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека Ерменија со реализирање напади (таргетирање) врз цивилите во Азербејџан, извршува злосторство против човештвото.

Октај, во својата објава ја изнесе следната констатација: „Ерменија која без да поминат ниту 24 часа од прекинот на огнот повторно ги таргетираше цивилите, извршува злосторство против човештвото. Меѓународната заедница го изоставува од вид овој дволичен став и станува соучесник во злосторствата коишто ги извршува Ерменија. На нашите браќа шехиди (загинати) им посакувам милост од Аллах.“

Инаку, Азербејџан и Ерменија на одржаните завчерашни разговори во главниот град на Русија, Москва, донесоа одлука за прекин на огнот со хуманитарна цел којшто стапи во сила на 10 октомври, во сабота, во 12:00 часот по локално време и кој предвидуваше размена на мртвите и заробениците во Нагорно Карабах.

Меѓутоа, без да поминат ниту 24 часа од прогласениот привремен прекин на огнот ерменската армија повторно изврши ракетни напади врз азербејџанските цивилни населени места.

Во ракетниот напад врз градот Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан животот го загубија 11 азербејџански цивили од кои 4 жени и 2 деца, а 35 мина цивили се ранети од кои 16 жени и 6 деца.
 



Слични вести