Чавушоглу и Бајрамов разговараа за прекршувањата на прекинот на огнот од страна на Ерменија

Според добиени информации од дипломатски извори, двајцата шефови на дипломатии, Мевлут Чавушголу и Џејхун Бајрамов, остварија телефонски разговор во кој се осврнаа на прекршувањата на прекинот на огнот од страна на Ерменија

1506982
Чавушоглу и Бајрамов разговараа за прекршувањата на прекинот на огнот од страна на Ерменија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов.

Според добиени информации од дипломатски извори, двајцата шефови на дипломатии, Мевлут Чавушголу и Џејхун Бајрамов, разговараа за прекршувањата на прекинот на огнот од страна на Ерменија.

Инаку, Азербејџан и Ерменија на одржаните завчерашни разговори во главниот град на Русија, Москва, донесоа одлука за прекин на огнот со хуманитарна цел којшто стапи во сила на 10 октомври, во сабота, во 12:00 часот по локално време и кој предвидуваше размена на мртвите и заробениците во Нагорно Карабах.

Меѓутоа, без да поминат ниту 24 часа од прогласениот привремен прекин на огнот ерменската армија повторно изврши ракетни напади врз азербејџанските цивилни населени места.

Во ракетниот напад врз градот Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан животот го загубија 11 азербејџански цивили од кои 4 жени и 2 деца, а 35 мина цивили се ранети од кои 16 жени и 6 деца.


 



Слични вести