Борбата на Турција против Ковид-19: Регистрирани 58 починати, 1.614 новозаразени, 1.301 оздравен

Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 58 лица, дијагностицирани се 1.614 новозаразени, оздравеа 1.301 пациент; Досега починаа вкупно 8.895 лица, инфектирани се 337.147, а оздравеа 295.658 лица

1507662
Борбата на Турција против Ковид-19: Регистрирани 58 починати, 1.614 новозаразени, 1.301 оздравен

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 58 смртни случаи. 

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна до 8.895 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 115.605 тестирања од кои се дијагностицирани 1.614 новозаразени.

Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19) изнесува 337.147 лица.

Со отпуштање од болница на уште 1.301 излекувани вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 295.658 лица.



Слични вести