Турција: Меѓународната заедница треба да го повиши својот глас против ерменските напади врз цивилите
Министерството за национална одбрана на Турција истакна дека Ерменија која извршува воено злосторство и злосторство против човештвото, сега го прекршува прекинот на огнот и извршува напади врз цивилите










Турција упати повик до меѓународната заедница да го повиши својот глас против Ерменија која прекршувајќи го прогласениот прекин на огнот реализира ракетни напади врз цивилните населени места во Азербејџан.
Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана преку социјалната мрежа Твитер беа споделени фотографии со рушевини предизвикани од таргетирањето на азербејџанските цивилни населени места од страна на Ерменија која го прекрши прекинот на огнот (којшто стапи во сила вчера напладне).
Во соопштението на Министерството се вели следното: „Ерменија која извршува воено злосторство и злосторство против човештвото, сега го прекршува прекинот на огнот. Ерменија дури и при прекинот на огнот ги продолжува своите напади врз цивилните населени места. Меѓународната заедница треба да го повиши својот глас против Ерменија.“
Во реализираниот ракетен напад синоќа од страна на Ерменија врз Генџе, вториот по големина град на Азербејџан, според добиени најново информации бројот на загинатите азербејџански цивили се зголеми на 10 лица, а повеќе од 30 цивили се ранети.
Продолжуваат активностите за пребарување и спасување под рушевините на срушените згради во нападот.
Слични вести

Ердоган: „Нема да застанеме се додека не заврши изградбата на голема и силна Турција“
Минатата година ја затворивме со многу добри резултати во инвестициите и буџетските имплементации

Ердоган: „Нема да застанеме се додека не заврши изградбата на голема и силна Турција“
Ердоган: „Нема да застанеме се додека не заврши изградбата на голема и силна Турција“