МНР на Турција: Жестоко го осудуваме ракетниот напад на Ерменија врз азербејџанскиот град Генџе

Во објавеното соопштение од МНР на Турција се истакнува следното: „Жестоко го осудуваме ракетниот напад на Ерменија рано утрово врз Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан, со кој е прекршен хуманитарниот прекин на огнот“

1506866
МНР на Турција: Жестоко го осудуваме ракетниот напад на Ерменија врз азербејџанскиот град Генџе

Турција жестоко го осуди ракетниот напад што го изврши Ерменија врз градот Генџе (Ганџа) во Азербејџан со кој е прекршен хуманитарниот прекин на огнот и истакна дека меѓународната заедница веќе треба да каже стоп за ова непризнавање (непочитување) на правото од страна на Ерменија.

Во објавеното соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува следното: „Жестоко го осудуваме ракетниот напад на Ерменија рано утрово врз Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан, со кој е прекршен хуманитарниот прекин на огнот.“

Во соопштението се вели дека нападот извршен врз една повеќеспратна зграда во градот Генџе (Ганџа) на оддалеченост од 100 километри од подрачјето на судирите за кој што се дознава дека стана причина за смрт и ранување на голем број цивили, претставува нов пример на провокациите на управата на Ерменија која има за цел спорот да го прошири надвор од окупираните азербејџански територии.

„Овој напад истовремено, става до знаење дека Ерменија за продолжување на својата незаконска окупација не се овоздржува од прекршување на меѓународното хуманитарно право и не разбира од јазикот на прекин на огнот. Овие агресорски акти на Ерменија не се зачудувачки и се јасен одраз  на нејзиниот секогашен окупаторски и агресивен менталитет. Меѓународната заедница веќе треба да каже стоп за ова непочитување (непризнавање) на правото.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.

Во соопштението им се посакува милост од Аллах на загинатите (шехиди) Азербејџанци во нападот, на ранетите им се посакува побрзо оздравување и се додава следното: „Го изразуваме нашето сочувство до Џан (срцето) Азербејџан. Турција како и секогаш стои покрај Азербејџан.“



Слични вести