МНР: Турција ќе ги поддржува само решенијата коишто ќе ги прифати Азербејџан

Министерството за надворешни работи соопшти дека Турција од самиот почеток нагласува дека ќе ги поддржува само решенијата коишто ќе ги прифати Азербејџан

1506447
МНР: Турција ќе ги поддржува само решенијата коишто ќе ги прифати Азербејџан

Турција соопшти дека Азербејџан и даде последна шанса на Ерменија за да се повлече од окупираните територии Нагорно Карабах и седумте реони (области). 

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција се потсетува дека помеѓу Азербејџан и Ерменија од денеска е прогласен прекин на огнот на фронтовата линија.

Во соопштението се истакнува следното: „Во вооружените судири коишто започнаа на 27 септември 2020 година, Азербејџан на Ерменија и на целиот свет им покажа дека со свои сопствени можности и самодоверба може да ги врати своите територии кои приближно 30 години како се под окупација. Во овој процес, поради хуманитарни причини од целиот свет пристигнаа барања за прекин на огнот. Така и Азербејџан за последен пат и даде шанса на Ерменија да се повлече од окупираните територии.“

Во соопштението се истакнува дека прекинот на огнот за којшто се наведува дека е прогласен поради хуманитарни причини со цел размена на мртвите и заробениците, заедно со тоа што претставува значаен прв чекор нема да го заземе местото на трајното решение.

Освен тоа, во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција се додава и следното: „Турција од самиот почеток нагласува дека ќе ги поддржува само решенијата коишто ќе ги прифати Азербејџан. Со овој начин на сфаќање, (Турција) ќе продолжи да стои покрај Џан (срцето) Азербејџан, на терен и на маса.“



Слични вести