Чавушоглу оствари телефонски разговор со својот канадски колега Шампањ во врска со Нагорно Карабах

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу му рече на својот канадски колега Франсоа-Филип Шампањ дека Канада треба да упати повик до управата во Ереван како окупаторска страна, „да се повлече од азербејџанските територии“

1506449
Чавушоглу оствари телефонски разговор со својот канадски колега Шампањ во врска со Нагорно Карабах

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со својот канадски колега Франсоа-Филип Шампањ.

Во разговорот стана збор за билатералните односи помеѓу Турција и Канада, како и за случувањата во Нагорно Карабах.

Двајцата шефови на дипломатии, Чавушоглу и Шампањ, разговараа за одлуката на Канада за суспендирање на дозволите за извоз во Турција на некои производи на одбранбената индустрија, а воедно направија проценка и на случувањата во Нагорно Карабах.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ги изнесе своите погледи во врска со агресивноста на Ерменија во Нагорно Карабах и рече дека Канада треба да упати повик до управата во Ереван како окупаторска страна, „да се повлече од азербејџанските територии.“



Слични вести