Борбата на Турција против Ковид-19: Регистрирани 56 починати, 1.649 новозаразени, 1.391 оздравен

Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 56 лица, дијагностицирани се 1.649 новозаразени, оздравеа 1.391 пациент; Досега починаа вкупно 8.778 лица, инфектирани се 334.031, а оздравеа 293.145 лица

1506616
Борбата на Турција против Ковид-19: Регистрирани 56 починати, 1.649 новозаразени, 1.391 оздравен

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 56 смртни случаи. 

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна до 8.778 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 113.102 тестирања од кои се дијагностицирани 1.649 новозаразени.

Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19) изнесува 334.031 лицe.

Со отпуштање од болница на уште 1.391 излекуван вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 293.145 лица.



Слични вести