Во операции на северот на Ирак и во подрачјето на градот Ширнак се неутрализирани 7 терористи

Од страна на Министерството за национална одбрана и Министерството за внатрешни работи е соопштено дека во северниот дел на Ирак се неутрализирани 5, а во подрачјето на градот Ширнак двајца терористи, вкупно 7 терористи на ПКК

1505792
Во операции на северот на Ирак и во подрачјето на градот Ширнак се неутрализирани 7 терористи

Во реализирани операции преку границата во северниот дел на Ирак и во подрачјето на градот Ширнак внатре во границите на земјата, се неутрализирани 7 терористи, на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека успешно продолжува операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) во северниот дел на Ирак и се вели следното: „Со реализирана воздушна операција се неутрализирани 5 мина терорист, утврдени со областа Хафтанин на северот на Ирак.“

Во соопштението се додава дека операциите ќе продолжат се додека не биде неутрализиран и последниот терорист.

Во меѓувреме во објавеното соопштение на Министерството за внатрешни работи се истакнува дека во рамките на операцијата „Молња-1“ (Yıldırım-1) од страна на единиците на градската команда на жандармеријата и Националната разузнавачка служба (МИТ) е реализирана заедничка операција во подрачјето на планината Џуди кај градот Ширнак.

Во операцијата поддржана и од комадната на возудшните сили се неутрализирани двајца терористи.

Операцијата во подрачјето продолжува.

 



Слични вести