Турција објави нов „NAVTEX“ поради прекршувањето на Лозанскиот мировен договор од страна на Грција

Во прогласениот нов „NAVTEX“ објавен од станицата во Измир по трет пат се издава предупредување до Грција во однос на прекршувањето на Лозанскиот мировен договор со наоружување на островите во Егејското Море

1506255
Турција објави нов „NAVTEX“ поради прекршувањето на Лозанскиот мировен договор од страна на Грција

Турција прогласи нов „NAVTEX“ во Егејското Море поради прекршување на Лозанскиот мировен договор од страна на Грција.

Предупредувањето ја опфаќа околината на островот Лезбос (турски Мидилли).

Во прогласениот „NAVTEX“ објавен од станицата во Измир по трет пат се издава предупредување до Грција во однос на Лозанскиот мировен договор.

Во објавениот „NAVTEX“ којшто ќе важи во периодот од 9 до 13 октомври се истакнува дека се прекршува статусот на демилитаризација на грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли) којшто е утврден со Лозанскиот мировен договор од 1923 година.

Инаку, согласно Лозанскиот мировен договор на 12-те острови (Додеканези) во Егејското Море меѓу кои се наоѓа и Лезбос (турски Мидилли) освен грчките безбедносни сили за обезбедување на јавниот ред и мир, се забранува да се распоредуваат воружени сили и да се наоружуваат овие острови.

Турција, претходно и во месец септември објави два „NAVTEX'и“ во кои исто така беше нагласено прекршувањето на Лозанскиот мировен договор од страна на Грција.



Слични вести