Претседателот Ердоган сподели видео снимка со белешката „Едно кусо потсетување“

Претседателот Ердоган сподели објава на својот профил на Твитер со белешката „Едно кусо потсетување“ и го напиша следното: „Ние се наведнуваме на руку пред Аллах. Не се наведнавме (поклонивме), нема да се наведнеме (поклониме) пред ниту една друга сила.“

1505635
Претседателот Ердоган сподели видео снимка со белешката „Едно кусо потсетување“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги сподели снимките од еден свој одржан митинг со белешката „Едно кусо потсетување“ и го напиша следното: „Ние се наведнуваме на руку пред Аллах. Не се наведнавме (поклонивме), нема да се наведнеме (поклониме) пред ниту една друга сила.“

На ова споделено видео од страна на претседателот Ердоган зазема место дел со неговото обраќање пред насобраните граѓани на еден одржан митинг кадешто го вели следното: „Ние се наведнуваме на руку пред Аллах. Не се наведнавме (поклонивме), нема да се наведнеме (поклониме) пред ниту една друга сила. Тоа да го знаете така.“

На оваа споделена објава на претседателот Ердоган „Не се наведнавме, нема да се наведнеме“, пристигна поддршка и од потпретсредателот Фуат Октај кој исто така на својот профил на социјалната мрежа Твитерö го напиша следното:

„Реџеп Тајјип Ердоган со неговиот цврсто исправен став е претставник на интуицијата (сфаќањето) на нашиот народ, главата на нашата земја која не се наведнува. Секој треба да го знае тоа дека во коренитата историја на овој народ нема покорување (наведнување) и дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со громовит глас, исправено чело и црвст став, се потпира на својот народ и се наведнува само пред Аллах.“



Слични вести