Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во официјална посета на Италија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар за време на остварената посета на Амбасадата на Турција во Рим го рече следното: „Верувам дека пријателството и соработката помеѓу Турција и Италија ќе достигнат до уште понапредни фази“

1505637
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во официјална посета на Италија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар отпатува во официјална посета на Италија кадешто ја посети Амбасадата на Турција во Рим.

Овде министерот Акар го рече следното: „Верувам дека пријателството и соработката помеѓу Турција и Италија ќе достигнат до уште понапредни фази.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, во почесната книга на Амбасадата на Турција во Рим го напиша следното: 

„/.../ Турција и Италија се во соработка по прашањето на изнаоѓање решение на регионалните и глобалните прашања. Верувам дека пријателството и соработката помеѓу Турција и Италија ќе достигнат до уште понапредни фази. И активностите на нашата Амбасада во Рим обезбедуваат значаен придонес во развојот на односите помеѓу двете земји. по тој повод, им честитам на господинот амбасадор Мурат Салим Есенли и на ценетите припадници (вработени) на нашата амбасада во Рим, им посакувам здравје, благосостојба и продолжување на успесите.“

 



Слични вести