Петер Сијарто: Безбедноста на Европа е во рацете на Турција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија Петер Сијарто истакна дека безбедноста на Европа е во рацете на Турција и дека затоа западноевропските политичари треба помалку да ја крииткуваат Турција

1505533
Петер Сијарто: Безбедноста на Европа е во рацете на Турција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија Петер Сијарто во главниот град на Словачка, Братислава, кадешто учествува на Глобалниот безбедносен форум (GLOBSEC) се состана со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушголу.

По остварената средба, Сијарто сподели објава на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук каде што истакна дека безбедноста на Европа е во рацете на Турција и дека затоа западноевропските политичари треба помалку да ја критикуваат Турција.

„Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу е мојот стар пријател и колега. Денеска безбедноста на Европа е во рацете на Турција. Затоа ќе биде подобро доколку моите западноевропски пријатели ја критикуваат помалку.“ - напиша на својот профил на Фејсбук министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија Петер Сијарто.

 



Слични вести