Министерот за надворешни работи Чавушоглу во Словачка се состана со својот грчки колега Дендиас

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на Глобалниот безбедносен форум (GLOBSEC) во Братислава, во Словачка, се состана со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас

1505316
Министерот за надворешни работи Чавушоглу во Словачка се состана со својот грчки колега Дендиас

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Словачка кадешто отпатува по повод Глобалниот безбедносен форум (GLOBSEC) во Братислава којшто оваа година се одржува по 15-ти пат, се состана со германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас.

Чавушоглу, освен тоа се состана и со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас.

Двајцата шефови на дипломатии, Чавушоглу и Дендиас, разговараа за билатерални и регионални прашања, меѓу кои се наоѓа и затегнатоста во Источниот Медитеран.

Мевлут Чавушоглу, воедно учествуваше и на разговорот под наслов „Улогата на Турција во регионалната и глобалната безбедност“.

Во оваа пригода, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција со години продолжува да упатува повици за правично споделување и откако тоа не беше земено во предвид во 2018 година ги започна своите активности за дупчење (сондажа).

Чавушоглу рече дека Грција презентира максималистички приод.

Осврнувајќи се и на прашањето со Нагорно Карабах, министерот Мевлут Чавушоглу потсети дека областа 30 години како се наоѓа под ерменска окупација и ја даде пораката за решение коешпто ќе се потпира на мирољубиви методи и преговори.



Слични вести