Ердоган: „Военото присуство на Турција во Катар е во услуга на стабилноста и мирот во целиот регион“

Благодарение на иницијативите на Турција на терен, во земјата се појави извонредна можност за мир и просперитет

1505323
Ердоган: „Военото присуство на Турција во Катар е во услуга на стабилноста и мирот во целиот регион“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека военото присуство на Турција во Катар, е во услуга на стабилноста и мирот на целиот регион.

Претседателот Ердоган, во интервјуто за весникот „The Peninsula“ кој се објавува на англиски јазик во Катар, рече дека Турција и Катар, како резултат на длабоко вкоренетите историски, културни и човечки односи се две братски земји, потенцирајќи дека двете земји имаат стратешки односи во кои се простираат на една поширока лепеза која ги опфаќа економијата, индустријата, одбраната, безбедноста, инвестициите и енергијата.

Военото присуство на Турција во Катар, не е само во корист на братски Катар, туку е и во корист и на стабилноста и мирот на целиот залив.

„Никој не треба да биде вознемирен од Турција и турското воено присуство во Заливот, освен оние кои што преват пресметки за хаос“.

На прашањето надворешната политика на Турција кон Сирија и контратерористичките операции, Ердоган рече дека Турција никогаш не е трајна на сириската територија и дека нема и не гаи никакви територијални претензии.

„Кога трајно ќе се реши кризата, ќе го завршиме нашето присуство во Сирија“, рече Ердоган потенцирајќи дека Турција реализира решителна борба против сите терористички организации.

Во врска со Либија, претседателот Ердоган рече дека во оваа земја ќе победи легитимноста и дека пучистите ќе изгубат.

„Благодарение на иницијативите на Турција на терен, во земјата се појави извонредна можност за мир и просперитет. Не треба да се потроши оваа можност која ќе овозможи да се воспостават мирот и стабилноста не само во Либија туку и во целиот регион“.

Во врск со развојот на настаните во Источен Медитеран, Ердоган рече дека Турција секогаш  е на страната на праведно споделување на богатството на крајбрежните држави и тоа го потенцира во сите дипломатски иницијативи.

Егејското и Медитеранското прашање, се прашања од кои Турција никогаш нема да направи отстапки, рече Ердоган и додаде:

„Турција и Турската Република Северен Кипар секогаш јасно и отворено на сите платформи ги изнесуваат фактите дека се сметаат како да не постојат, дека сакаат да не затворат во нашите крајбрежја. Решително ќе продолжиме да ги браниме нашите права и интереси во секое време и под сите услови. Сите оние кои ја видоа нашата решителност и разбраа дека не можат да не откажат со празни закани и уцени, конечно мораа да ги послушаат нашите повици за дијалог“.



Слични вести