Ердоган: Обидот на Ерменија за прикажување и на Турција внатре во судирот, е доказ за нејзината заглавеност

Претседателот Ердоган истакна дека обидот на Ерменија, по претрпениот тежок пораз, за прикажување и на Турција внатре (како инволвирана) во судирот, е доказ за заглавеноста и очајот во кои западна

1505362
Ердоган: Обидот на Ерменија за прикажување и на Турција внатре во судирот, е доказ за нејзината заглавеност

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во интервју за весникот „The Peninsula“ којшто се бјавува на англиски во Катар, одговараше на поставените прашања во врска со борбата што ја води Азербејџан за ослободување на своите окупирани територии од страна на Ерменија.

Ердоган истакна дека обидот на Ерменија, по претрпениот тежок пораз, за прикажување и на Турција внатре (како инволвирана) во судирот, е доказ за заглавеноста и очајот во кои западна.

Велејќи дека Ерменија окупира еден дел од териториите на Азербејџан а пред се Карабах кадешто изврши масакр и дека оваа окупација трае приближно 30 години, Ердоган рече: „Ерменија која е охрабрена од тоа што меѓународната заедница со години останува безгласна пред овој масакр и оваа окупација, овие свои агресивни чекори ги продолжи со нови напади  врз цивлите. По ова пак, Азербејџан премина во акција за ослободување на своите окупирани територии и сега една по една ги враќа назад областите коишто Ерменија ги држи во свои раце со ајдутство.“

Претседателот Ердоган нагласи дека Турција како досега така и во иднина стои покрај Азербејџан во неговата праведна кауза поаѓајќи притоа од мотото „еден народ, две држави“, а воедно напомена дека за трајно решавање на прашањето со Карабах треба да се применуваат резолуциите на Обединетите нации (ОН) и да се исполни  меѓународното право.

Тој истакна дека Ерменија која во секоја прилика не се воздржува од презентирање на агресивен и непријателски став против турскиот народ, претставува најголема пречка пред мирот, стабилноста и спокојството во регионот.

„Тоа што Ерменија, по тешкиот пораз што го здоби во нејзиниот последен обид за окупација, со најразлични лаги и измами влегува во обиди за прикажување и на Турција внатре (како инволвирана) во судирот, е доказ за заглавеноста и очајот во кои западна.“ - рече претседателот Ердоган.

 



Слични вести