Украина сака да ја развие соработката и да реализира нови проекти со Турција

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба истакна дека неговата земја сака да ја развие соработката и да реализира нови проекти со Турција

1504129
Украина сака да ја развие соработката и да реализира нови проекти со Турција

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во даденото интервју за „ББС Украина“ истакна дека помеѓу Украина и Турција постои длабоко стратешко партнерство, вклучувајќи ја и воената сфера.

Велејќи дека неговата земја сака да ја развие соработката и да реализира нови проекти со Турција, Кулеба рече: „Сојузот на Турција и Украина би можел да обезбеди бројни придобивки и за двете земји.“

Кулеба напомена дека неговата земја купи од Турција наоружани беспилотни летала (СИХА) и ја изнесе следната констатација: „Тоа се проекти коишто ветуваат иднина. Сакаме да ја развиеме соработката и да реализираме нови проекти. Бидејќи, сојузот на Турција и Украина би можел да обезбеди бројни придобивки за двете земји и за регионот.“

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, воедно додаде дека постои потенцијал помеѓу двете земји за реализирање на уште повеќе и од стратешкото партнерство и дека се напредува по тој пат.



Слични вести