Турските безбедносни сили ги започнаа есенско-зимските антитерористички операции

Министерството за национална одбрана соопшти дека турските безбедносни сили ги започнаа есенско-зимските антитерористички операции

1504406
Турските безбедносни сили ги започнаа есенско-зимските антитерористички операции

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се започнати есенско-зимските антитерористички операции, а со цел со претходно стопроцентно утврдени точки од добиени разузнавачки информации да се прекинат сите логистички канали за снабдување на сепаратистичко-терористичката организација, да се спречи нејзиното засолнување во текот на зимата и да се обезбеди да се предадат припадниците на организацијата. 

Според објавеното соопштение од Министерството, зимските операции во кои учествуваат жандармериски командоси, специјални жандармериски сили (JÖH), специјални полициски сили (PÖH) и безбедносни чувари, ќе траат до 15 април.

Во текот на овој период ќе се реализираат 7.424 планирани операции од голем, среден и мал обем.

Министерството за внатрешни работи не и дозволи ниту да здивне на сепаратистичко-терористичката организација и во пролетно-летните операции коишто ги реализира во периодот од 15 септември до 30 септември. 

И покрај тоа што беше планирано во текот на пролетно-летните операции да се реализираат 5.981 операции, беа реализирани повеќе од оваа бројка. На тој начин беа реализирани вкупно 8.523 операции и беше обезбеден процент на реализација од 143 отсто.

Во овие операции, се неутрализирани вкупно 346 припадници на терористичката организација од кои 145 по пат на убедување, предавање и фаќање.

Во операциите се уништени 442 засолништа и пештери, 246 мини/рачно изработени експлозиви, 282 парчиња оружје, 233 рачни бомби и големи количини муниција и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите. 



Слични вести