Претседателот Ердоган отпатува во еднодневна посета на Кувајт и Катар

Претседателот Ердоган од аеродромот Есенбога во Анкара беше испратен од страна на потпретседателот Фуат Октај и други високи фукционери

1504357
Претседателот Ердоган отпатува во еднодневна посета на Кувајт и Катар

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утрово со специјалниот авион „ТУР“ отпатува во еднодневна посета на Кувајт и на Катар.

Претседателот Ердоган од аеродромот Есенбога во Анкара беше испратен од страна на потпретседателот Фуат Октај и други високи фукционери.

За време на оваа негова еднодневна посета на Кувајт и Катар, претседателот Ердоганр е придружуван од страна на бројна делегација во која се наоѓаат и министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерот за спорт и младина Махмет Мухаррем Касапоглу, министерот за национална одорбана Хулуси Акар, шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан, шефот на одделот за комуникации Фахреттин Алтун и портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на својата посета на Кувајт ќе се состане со новиот емир Шеик Наваф ал-Ахмед ал-Џабир ал-Сабах кој е наименуван на местото на починатиот емир Шеик Сабах ал-Ахмед ал-Џебир ал-Сабах.

Во оваа пригода претседателот Ердоган ќе го достави своето сочувство по повод смртта на емирот Сабах.

Освен тоа на одржаните средби ќе бидат разгледани со сите нивни поединости билатералните односи помеѓу Турција и Кувајт, а ќе бидат разменети и мислења во однос на регионални прашања.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по посетата на Кувајт ќе го посети и Катар кадешто ќе се состане со емирот Шеик Тамим Бин Хамад Ал Тани.

Во рамките на посетата се предвидува претседателот Ердоган и катарскиот емир Ал Тани да ги разгледаат можностите за уште повеќе развивање на постоечката соработка помеѓу Турција и Катар, а воедно да разменат мислења и во однос на регионални и меѓународни прашања.



Слични вести