Остра реакција од Анкара на извештајот на Европската комисија за Турција за 2020 година

Министерството за надворешни работи соопшти дека извештајот на Европската комисија за Турција за 2020 година и оваа година го презентира приодот на ЕУ со предрасуди, далеку од конструктивност и со применување на двоен стандард

1504125
Остра реакција од Анкара на извештајот на Европската комисија за Турција за 2020 година

Остра реакција од Анкара на објавениот извештај на Европската комисија (ЕК) за Турција за 2020 година.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за надворешни работи во однос на извештајот се истакнува дека извештајот за Турција за 2020 година и оваа година го презентира приодот на Европската унија (ЕУ) со предрасуди, далеку од конструктивност и со применување на двоен стандард.

Во соопштението се вели следното: „И во овој извештај Европската унија (ЕУ) додека не се осврнува на своите одговорности и ветувања коишто не ги исполнува, со неосновани аргументи се изнесуваат критики против нашата земја. Особено критиките со предрасуди, неправедност и непропорционалност во однос освен на нашиот систем на управување, изборите, фундаменталните права, некои судски одлуки и административни одлуки и легитимните преземени мерки во борбата против тероризмот, како и во врска со нашите надворешни, безбедносни и економски политики, покажуваат колку извештајот е далеку од објективност.“

Во продолжението на соопштението на Министерството за надворешни работи се додава и следното: „Деловите на извештајот на Европската комисија за Турција за 2020 година во врска со прашањата со Источниот Медитеран, Егејот и Кипар, целосно се темелат на тезите на Грција и кипарско-грчкиот дел. Оваа состојба причинува дамка на неутралноста на Комисијата. Го отфрламе овој пристрасен и незаконски начин на поглед којшто не придонесува ниту за решавање на Кипарскиот проблем, ниту за стабилноста во Егејот и во Источниот Медитеран.“



Слични вести