Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со својот британски колега Бен Валас
Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, по приредената воена церемонија во чест на британскиот министер Бен Валас се премина на средба лице в лице помеѓу двајцата министри

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана во Истанбул со британскиот министер за одбрана Бен Валас.
Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, по приредената воена церемонија во чест на британскиот министер Бен Валас се премина на средба лице в лице помеѓу двајцата министри.
Потоа Хулуси Акар и Бен Валас претседаваа и со меѓуделегациските разговори.
На разговорите присуствуваа и командантот на поморските сили адмирал Аднан Озбал и заменик министерот за национална одбрана Мухсин Дере, при што беа разменети мислења во однос на билатерални и регионални одбранбени и безбедносни прашања.
Слични вести

Претседателот Ердоган: Ја продолжуваме изградбата на голема и силна Турција
Претседателот Реџеp Тајјип Ердоган истакна дека ја продолжуваат изградбата на голема и силна Турција