Фуат Октај: Затворената област Мараш ќе биде отворена согласно праведноста и правото

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека затворената област Мараш ќе биде отворена по 46 години во согласност со праведноста и правото

1504520
Фуат Октај: Затворената област Мараш ќе биде отворена согласно праведноста и правото

Потпретседателот Фуат Октај во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека „Затворената област Мараш“ која се наоѓа која се наоѓа во границите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и која 46 години како е затворена (забранета) за населување, ќе биде отворена во согласност со правото.

Октај во објавата напиша: „Убавиот Мараш кој долги години остана напуштен и причинува болка во нашето срце, го отвараме во согласност со праведноста и правото.“

Велејќи дека за кипарските Турци се работи деноноќно, потпретседател Фуат Октај рече:  „Рековме дека Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ниту еден ден нема да ја оставиме без вода. Повторно започна притекот на 'водата за живот' од планините Торос во Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Нека е аирлија.“

Инаку, премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар вчера за време на неговата посета на Анкара истакна дека во четврток ќе биде отворена областа Мараш која 46 години како е затворена за населување.



Слични вести