Синоѓа претседателот Ердоган го прими Столтенберг

И покрај сите негативни однесувања на Грција, Турција уште од самиот поечток ја поддржува иницијативата на НАТО за намалување на ризикот од несреќи и инциденти

1503322
Синоѓа претседателот Ердоган го прими Столтенберг

 

Синоќа претседателот Реџеп Тајип Ердоган го прими генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Дирекцијата за комуникации, беше истакнато дека претседателот Ердоган на приемот на Столтенберг и делегацијата во негова придружба, разговарале за односите меѓу Турција и НАТО, Источниот Медитеран, како и регионалните случувања во Сирија и Либија.

Ердоган на средбата рече дека и покрај сите негативни однесувања на Грција, Турција уште од самиот поечток ја поддржува иницијативата на НАТО за намалување на ризикот од несреќи и инциденти меѓу турските и грчките воени сегменто во Источниот Медитеран.

Турција во името на безбедноста и стабилноста на целиот регион и Европа, буквално самата се бори со бегалската криза, а исто така е единствена сојузничка земја на НАТО, која покажува искрени напори за враќање и повторно восоставување на рамнотежата во Либија, Ердоган истакна дека Турција внимава како на своите така и на правата и интересите на сојузниците, поради што истата чувствителност ја очекуваме и од членките на алијансата.

Посочувајќи дека резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации и Организацијата за безбедност и соработка во Европа ја повикуваат Ерменија веднаш, целосно и без предуслови да се повлече од окупираните азербејџански територии, Ердоган подвлече дека некои сојузници на НАТО и натаму продолжуваат да соработуваат со терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ и да ги штитат приврзаниците на ФЕТО, кој настан ја поткопува солидарноста меѓу сојузниците.

Претседателот Ердоган подвлече дека „Сојузниците на НАТО треба да демонстрираат конкретна солидарност со Турција“, укажувајќи на потребата дека алијансата има голема улога и одговорност во продолжувањето на функционалноста на НАТО.



Слични вести