Претседателот Ердоган го прими премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Татар

Претседателот Ердоган го прими премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар

1504028
Претседателот Ердоган го прими премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Татар

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го прими премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар.

На приемот во претседателската палата во Анкара присуствуваше и потпретседателот Фуат Октај. 

Претседателот Ердоган и премиерот Татар преку видео-конференција учествуваа на церемонијата на поправањето на водоводната мрежа и потоа пуштање вода во проектот за намирање вода на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Претседателот Ердоган во своето овдешно обраќање го рече следното: "За нас прашањето со Источниот Медитеран има две димензии. Првата е одбраната на правата на Турција во континенталниот гребен, втората загарантирањето на правата и интересите на кипарскиот турски народ во врска со природните извори во околината на островот."

"На последниот одржан самит на Европската унија (ЕУ) видовме дека кипарскиот турски народ повторно беше изоставен. Турција нема да дозволи да продолжи оваа неправда. Кипарските Турци сигурно ќе треба да бидат претставени на начин којшто го заслужуваат и на Конференцијата за Источниот Медитеран за која се планира да се одржи во наредниот период." - рече претседателот Ердоган.

Претседателот Ердоган додаде дека Турција е одлучна да ја продолжи борбата се додека Турската Република Северен Кипар (ТРСК) не биде доведена во состојба на еднаков и достоинствен член на глобалниот систем, политички и економски.

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар исто така во говорот што го одржа на церемонијата соопшти дека од четврток наутро ќе биде отворена плажата на затворениот крајбрежен град Мараш.

Татар рече: "Прашањето со Мараш го оценуваме како национална кауза над секој вид политичка конкуренција и дискусија."

Претседателот Ердоган исто така истакна дека Турција посакува Мараш да биде целосно отворен за употреба и дека е подготвена да им ја даде секој вид поддршка на властите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

"Вистина е дека Мараш е територија на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). До крај ја поддржуваме одлуката да биде ставен во употреба на народот крајбрежниот појас на Мараш." - рече Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својот говор го продолжи со зборовите "Поради тоа што (во Мараш) не постои никаков приватен имот нема да дојде до било каква оштета и затоа приговорите на спротивната страна отсега западнаа во вода."

"Турската Република Северен Кипар (ТРСК) со својот раст, збогатувањето, зајакнувањето, ќе почне едно по едно да ги крши и синџирите на ембаргото на кое е подложена." - рече Ердоган.



Слични вести