Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во посета на Азербејџан

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу во Баку најпрвин беше примен кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, а ќе се состане и со својот колега азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов

1503792
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во посета на Азербејџан
cavusoglu-aliyev.jpg
cavusoglu-aliyev1.jpg

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу отпатува во работна посета на Азербејџан.

Чавушоглу во Баку беше примен кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

На приемот присуствуваа и азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов, претседателот на Парламентарната група за пријателство помеѓу Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и Националното Собрание на Азербејџан Шамил Ајрим и амбасадорот на Турција во Баку Еркан Озорал. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори ќе се состане со својот колега азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов со кого ќе бидат разменети мислења во врска со последната ситуација во Карабах, како и актуелни регионални и меѓународни случувања.

Двајцата министри за надворешни работи Чавушоглу и Бајрамов по остварената средба лице в лице ќе одржат и заедничка прес-конференција на која дневниот ред ќе го сочинуваат случувањата во Карабах.



Слични вести