Ердоган: „Изјавата на Макрон во врска со исламот е провокација“

Турција со одлуката за повторно отворање на џамијата Аја Софија ја отстрани сенката на независноста и се ослободи од оковите кои беа удрени на волјата на народот.

1503952
Ердоган: „Изјавата на Макрон во врска со исламот е провокација“

 

Претседателот Реџеп Таjип Ердоган рече: „Изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон во говорот во еден град во кој претежно живеат муслимани дека „исламот е во криза“ е отворена провокација.“

Ердоган присуствуваше на Програмата: Недела на џамиите и верските работници што се одржа во Конгресот и културниот центар Бешетепе Милет во Анкара.

Претседателот Ердоган во говорото во оваа прилика рече:

„Турција со одлуката за повторно отворање на џамијата Аја Софија ја отстрани сенката на независноста и се ослободи од оковите кои беа удрени на волјата на народот.

Турција покажува примерен став во однос на верските права и слободи, но во западната атмосфера се случи спротивното што Ердоган, додека во многу западни земји владее  обратна атмосфера. Денес за жал во голем број западни земји расизмот и непријателството кон исламот се под покровителство на самите држави.

Наместо да се соочат со расизмот и исламофобијата, сите оние кои ги пренасочуваат своите цели, најголемо зло му нанесуваат на сопственото општество.

Нападите врз муслиманите се претворија во едно од најважните средства на европските политичари за да ги прикријат своите неуспеси.

Изјавата на Макрон во еден град во кој претежно живеат муслимани дека „исламот е во криза“ е отворена провокација. Наместо да се однесува како колонијален гувернер, очекуваме да се раководи и дејствува како одговорен државник. Неговите зборови во својство на државен претседател за преструктуирањето на исламот се грубост и срамота“ рече претседателот Ердоган.



Слични вести