Чавушоглу порача од Баку: Не можат да се држат подеднакво окупаторот Ерменија и Азербејџан која е оштетена земја

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по одржаната средба со својот азербејџански колега Џејхун Бајрамов во Баку истакна дека целиот свет треба да разбере дека не треба да се држат подеднакво окупаторот (Ерменија) и оштетената земја Азербејџан

1503813
Чавушоглу порача од Баку: Не можат да се држат подеднакво окупаторот Ерменија и Азербејџан која е оштетена земја
cavusoglu-bayramov.jpg

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу отпатува во работна посета на Азербејџан.

Чавушоглу во Баку беше примен кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

На приемот присуствуваа и азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов, претседателот на Парламентарната група за пријателство помеѓу Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и Националното Собрание на Азербејџан Шамил Ајрим и амбасадорот на Турција во Баку Еркан Озорал. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори се состана и со својот колега азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов со кого разменија мислења во врска со последната ситуација во Карабах, како и актуелни регионални и меѓународни случувања.

Двајцата министри за надворешни работи Чавушоглу и Бајрамов по остварената средба лице в лице одржаа заедничка прес-конференција.

Овде, министерот за надворешни работи Мевлут Часвушоглу истакна дека денеска престојува во посета на Азербејџан за да ја покаже уште еднаш поддршката на Турција и го рече следното: „Секогаш сме покрај братски Азербејџан. Уште еднаш до целиот свет сакаме да го истакнеме следното: Нагорно Карабах е на Азербејџан.“

Чавушоглу истакна дека целиот свет треба да разбере дека не треба да се држат подеднакво окупаторот (Ерменија) и оштетената земја Азербејџан.

Тој нагласи дека Ерменија која е заглавена почна да ги напаѓа цивилните населени места и дека тоа претставува злосторство против човештвото, а воедно напомена дека тоа е покатазел на очајот во кој западна Ерменија.

Велејќи дека земјите на Групата Минск ги држат подеднакво окупаторот (Ерменија) и оштетената земја Азербејџан, Мевлут Чавушоглу рече: „Целиот свет треба да разбере дека тоа нема да оди така.“

„Ние даваме поддршка на секој вид обид по прашањето на решавање на овој проблем по мирољубиви патишта“ - рече Чавушоглу и го додаде следното: „Во овој процес ќе продолжиме да ја објаснуваме праведната кауза на Азербејџан. Ќе ја продолжиме нашата борба и целиот свет да застане покрај праведниот, да ги кажува вистините.“

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов пак, истакна дека државата Ерменија располага со терористички став и дека не располага со црвени линии за постигнување на своите цели.



Слични вести