Средба на Генералниот секретар на НАТО Столтенберг со министерот за национална одбрана Хулуси Акар

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Анкара се состана со министерот за национална одбрана Хулуси Акар

1503249
Средба на Генералниот секретар на НАТО Столтенберг со министерот за национална одбрана Хулуси Акар

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој допатува во посета на Анкара по остварената средба со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, се одржа и со министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

Средбата се одржа во зградата на Министерството за национална одбрана.

На остварените разговори помеѓу Јенс Столтенберг и министерот Хулуси Акар и лице в лице и на меѓуделегациските разговори беа разменети мислења во однос на бројни теми на чело со случувањата во Источниот Медитеран и Либија, одржаните технички состаноци помеѓу воените делегации на Турција и Грција во штабот на НАТО и прашања посветени на НАТО. 

На сиве овие разговори, од страна на министерот за национална одбрана Хулуси Акар беше укажано на значењето од постигнување на заеднички став во однос на општите принципи на крајот на одржаните состаноци во штабот на НАТО и на тоа дека Турција ги поддржува активностите во правец на решавање на прашањата со дијалог и без поставување предуслови.

Генералниот секретар Јенс Столтенбер во рамките на своите средби и разговори во Анкара вечерва ќе биде примен и кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, а утре ќе отпатува во посета на Атина кадешто ќе оствари средби и разговори исто така на високо ниво.



Слични вести