Реакција од Турција против нацрт законот на Макрон за т.н. „просветлен ислам“

МНР на Турција објави соопштение со реакција против нацрт законот „Борба против сепаратизмот“ којшто францускиот претседател Емануел Макрон на 9 декември ќе го достави до Советот на министри, а во кој се говори за таканаречен „просветлен ислам“

1502711
Реакција од Турција против нацрт законот на Макрон за т.н. „просветлен ислам“

Турција покажа реакција против нацрт законот којшто се подготвува во Франција и соопшти дека не е ничие право исламот да го доведува во состојба на предмет за изнесување на погрешни и искривоколчени, изопачени приоди.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција се потсетува дека францускиот претседател Емануел Макрон како последно изјави дека со нацрт законот „Борба против сепаратизмот“ којшто на 9 декемеври  ќе го достави до Советот на министри, ќе се формира како што Макрон го нарекува тоа „просветлен ислам“.

Во соопштението се покажува реакција со зборовите „Не е ничие право нашата религија чие име значи 'мир' под изговор за 'просветлување' да се доведува во состојба на предмет за знесување на погрешни и искривоколчени, изопачени приоди“, а воедно се вели дека менталитетот којшто претставува основа за овој нацрт, повеќе од тоашто ќе донесе решение за проблемите на Франција се мисли дека ќе стане причина за очајни резултати.

Во соопштението се изнесува следната констатација: „Да се мисли дека би можеле да се стават под дисциплина доселеничките (мигрантските) општества по пат на изнесување на изрази како 'европски ислам', 'француски ислам', а под изговор за таканаречено 'просветување' на исламската религија, значи да се делува спротивно на човечките и правните размислувања.“

Се истакнува дека државите немаат право за утврдување со закони на верската услуга којашто ќе ја добиваат единките при исполнување на своите верувања и на верското сфаќање коешто го присвојуваат, а воедно се нагласува дека овој менталитет којшто произлегува од погрешното читање на социолошките и историските вистини се обидува да ги разгори уште повеќе растечкото непријателство кон странците, расизмот, дискриминацијата и антиисламизмот кои претставуваат значајни проблеми на Европа и Франција, така да тоа освен сопствените општества го води кон заедничка загриженост и целото човештво.

Инаку, францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела рече дека „исламот треба да биде преструктуиран за да би бил партнер на Републиката во Франција'.

Застанувајќи во одбрана на тоа дека идеологијата којашто ги брани „сепаратистичките“ идеи е проблематична и дека овие лица своите закони ги оценуваат над законите на Франција, францускиот претседател Макрон тврдеше дека „исламот доживува криза насекаде во светот“.



Слични вести