Реакции од Шентоп и Октај против ерменскиот напад врз цивилите во азербејџанскиот град Генџе

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и потпретседателот на државата Фуат Октај покажаа реакција против реализираниот напад со ракети врз цивилите во градот Генџе, вториот по големина град на Азербејџан

1503115
Реакции од Шентоп и Октај против ерменскиот напад врз цивилите во азербејџанскиот град Генџе

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, покажа реакција против реализираниот напад од страна на Ерменија врз цивилите во азербејџанскиот град Генџе.

Шентоп истакна дека нападот врз историскиот град на Азербејџан е последниот пример на ставот на Ерменија на непризнавање на правото и нејзинот окупаторски став.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во својата објава напиша: „Жестоко го осудувам овој напад против цивилите, и посакувам успех на азербејџанската армија која води јуначка борба за својата татковина. Карабах е на, Азербејџан.“

Потпретседателот Фуат Октај исто така во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, покажа реакција против нападот на Ерменија врз цивилите во градот Генџе.

Фуат Октај во објавата го напиша следното:

„Таргетирањето на цивилите во градот Генџе на оддалеченост од приближно 70 километри од границата на Ерменија која набрзина го губи својот углед на теренот и кај меѓународната заедница, претставува злосторство против човештвото. Го проколнувам овој свиреп напад кој посегнува по невините животи, го изразувам моето сочувство до братскиот азербејџански народ.“



Слични вести