Претседателскиот кабинет се состанува со интензивен дневен ред

На состанокот под претседателство на претседателот Ердоган во претседателската палата во Анкара приоритетниот дневен ред ќе го сочинуваат случувањата во Источниот Медитеран, како и азербејџанско-ерменските судири и разговорите со Грција

1502606
Претседателскиот кабинет се состанува со интензивен дневен ред

Претседателскиот кабинет денеска се состанува со интензивен дневен ред.

На состанокот што ќе се одржи под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата во Анкара приоритетниот дневен ред ќе го сочинуваат случувањата во Источниот Медитеран, а ќе бидат разгледани и ќе биде направена проценка и на експлораторските (истражувачки) разговори коишто ќе се одржат со Грција.

На состанокот ќе бидат разгледани и случувањата и ситуацијата на азербејџанско-ерменската фронтова линија.

Инаку, Турција уште од почетокот на судирите нагласува дека стои покрај Азербејџан.

Освен тоа, на состанокот ќе се разговара и за борбата против тероризмот и случувањата во економијата.

На дневен ред на состанокот на претседателскиот кабинет се наоѓа и борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), во чии рамки министерот за здравство Фахреттин Коџа ќе ги информира членовите на кабинетот по ова прашање и ќе ги сподели информациите во врска со последната ситуација во работите за развивање на домашна вакцина против Ковид-19.



Слични вести