Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го прими либискиот премиер Фајез ал-Сараџ

Остварената средба во дворецот Вахдеттин во Истанбул траеше приближно еден час, а потоа се одржаа меѓуделегациски средби

1502620
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го прими либискиот премиер Фајез ал-Сараџ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го прими либискиот премиер Фајез ал-Сараџ.

Остварената средба во дворецот Вахдеттин во Истанбул траеше приближно еден час. Потоа се одржаа меѓуделегациски средби.

Според, објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството,  претседателот Ердоган на приемот истакна дека Турција ќе продолжи да стои покрај Либија со целосна солидарност и рече дека се во обид за зајакнување на односите со Владата на национално единство како единствен легитимен претставник на Либија.

Велејќи дека претставува развој којшто буди радост регистрирањето на меморандумот за разбирање потпишан помеѓу Турција и Либија во врска со разграничувањето на сферите на надлежност во морето и од страна на Обединетите нации (ОН), претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека Турција е спремна да продолжи да ја доставува секој вид поддршка за стабилноста на Либија и просперитетот на Либијците.



Слични вести