Ердоган: „Истражувањата за домашни вакцини против Ковид-19 достигнаа многу напредно ниво“

Во освртот на образованието лице в лице, Ердоган рече дека учениците од основните училишта од 2-3, 4 и 8 како и средношколци во 12 одделение ќе одат на училиште според правилата за чистење, маски и физичко растојание

1503296
Ердоган: „Истражувањата за домашни вакцини против Ковид-19 достигнаа многу напредно ниво“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека истражувањата за домашни вакцини (против новиот тип на коронавирусот Ковид-19) достигнаа многу напредно ниво.

По состанокот на кабинетот, претседателот Ердоган одржа прес конференција.

Изјавувајќи дека оправдано сме задоволни од тоа што инвестициите во вакцинирањето и поддршката на истражувањата една по една се реализираат, претседателот ја објави радосната вест дека 5 од 13 различни истражувања за вакцините започнаа да се приближуваат кон фазата на човечки тестирања.

Наведувајќи дека една компанија со соодветна инфраструктура располага со капацитет на производство до 20 милиони дози вакцини месечно, Ердоган рече:

„Со комплетирањето на својата инфраструктура за производство од страна на една друга компанија, оваа бројка ќе може да се искачи на над 50 милиони дози месечно. Наредниот месец ќе бидат произведени илјада дози на вакцини за тестирање на луѓето.“

Во освртот на образованието лице в лице кое е прекинато како дел од борбата против Ковид-19, Ердоган исто така рече дека учениците од основните училишта од 2-3, 4 и 8 како и средношколците во 12 одделение ќе одат на училиште според правилата за чистење, маски и физичко растојание.

Првоодделенците во основно училиште со наставата започнаа порано.



Слични вести