Во операцијата „Молња-3“ кај градот Агри се неутрализирани тројца терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во рамките на операцијата „Молња-3“ (Yıldırım-3) во руралното подрачје на населеното место Догубајазит кај градот Агри, се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1502354
Во операцијата „Молња-3“ кај градот Агри се неутрализирани тројца терористи

Во рамките на операцијата „Молња-3“ (Yıldırım-3) во руралното подрачје на населеното место Догубајазит кај градот Агри, се неутрализирани тројца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во реализирана операција од страна на безбедносните сили поддржана од воздух во руралното подрачје на населеното место Догубајазит кај градот Агри се неутрализирани тројца терористи. 

Во соопштението се вели дека на тој начин во рамките на реализираните операции Молња“ (Yıldırım) во текот на вчерашниот ден кај градовите Дијарбакир и Агри се неутрализирани по тројца терористи, вкупно 6 терористи. 

Операциите во наведеното подрачје продолжуваат. 

Операциите „Молња“ беа започнати на 13 јули, со цел целосно елиминирање на тероризмот внатре во границите на земјата.



Слични вести