Реакција од Турција против ерменските напади врз азербејџанскиот град Генџе

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение во врска со гранатирањето на азербејџанскиот град Генџе од страна на ерменските сили во кое се истакнува дека ова е нова манифестација на ставот на Ерменија којшто не признава право

1502458
Реакција од Турција против ерменските напади врз азербејџанскиот град Генџе

Турција покажа реакција против нападите на Ерменија врз градот Генџе, вториот по големина град на Азербејџан.

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение во врска со извршениот напад од страна на Ерменија врз азербејџанскиот град Генџде, чија цел беа цивилите. 

Во соопштението се истакнува дека денешните напади коишто се реализирани од страна на Ерменија и чија цел беше цивилното население во азербејџанскиот град Генџе претставува нова манифестација на ставот на Ерменија којшто не признава право.

Во соопштението на министерството се осудуваат нападите и се вели следното: „Ерменија која се соочи со пораз на окупираните азербејџански територии, прекршувајќи ги сите принципи на хуманото право на чело со Женевските конвенции, надвор од областите кои стануваат сцена на судири поради тоа што ги окупира, ги напаѓа и цивилните населени места. Овие напади се показател за очајот во кој е западната Ерменија и за тоа дека за продолжување на својата незаконска окупација нема да се воздржи од извршување и на злосторство против човештвото. Како што велиме уште од самиот почеток, Ерменија е најголемата пречка пред мирот и стабилноста во регионот.“

Во соопштението уште еднаш се нагласува поддршката на Турција на Азербејџан и се додава следното: „Азербејџан декларира дека нема да западне во провокациите на Ерменија, дека своето легитимно право на самоодбрана коешто произлегува од меѓународното право го искористува во рамките на меѓународно признатите граници и дека го покажува секој можен обид за да не би му се наштетило на цивилното население. Ние го поддржуваме овој став на Азербејџан.“

Во меѓувреме, во објавеното соопштение од азербејџанското Министерство за надворшени работи се истакнува следното: „Во нападот на ерменските воени групи врз Генџе загина еден цивил, а четворица се ранети. Во реализираните напади од страна на Ерменија врз цивилите и цивилните населени места досега животот го загубија 22'јца цивили, а 74 лица се ранети.“

Во соопштението се нагласува дека целата одговорност во врска со цивилните загуби и припаѓа на Ерменија и се упатува повик до оваа земја веднаш да се повлече од окупираните области во подрачјето на Нагорно Карабах.



Слични вести