Претседателот Ердоган: Задача на секој муслиман е да застане во одбрана на Ерусалим (Кудс)

Претседателот Ердоган во пораката што ја испрати до претседателот на партијата Худа Пар Исхак Саглам по повод „Меѓународниот симпозиум Селахаддин Ејјуби“ истакна дека задача на секој муслиман е да застане во одбрана на Ерусалим (Кудс)

1502343
Претседателот Ердоган: Задача на секој муслиман е да застане во одбрана на Ерусалим (Кудс)

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во пораката што ја испрати до претседателот на партијата Худа Пар Исхак Саглам по повод „Меѓународниот симпозиум Селахаддин Ејјуби“ организиран од страна на оваа политичка партија, истакна дека со милост се сеќаваме на вториот освојувач на Ерусалим (Кудс) Селахаддин Ејјуби и на неговите јуначки војници.

„Селахаддин-и Ејјуби беше голем командант вљубеник во Ерусалим (Кудс) кој велеше 'Додека домот на Аллах е под заробеништво, како Селахаддин би можел да спие во својот дом' “ - потсети Ердоган.

Претседателот Ердоган во својата порака истакна дека задача на секој муслиман е да застане во одбрана на Ерусалим (Кудс). 

Нагласувајќи дека Селахаддин Ејјуби кој од страна на поетот на турската национална химна (Химната за независност) Мехмет Акиф Ерсој се опишува како „најсаканиот султан на Истокот“ освен тоа што се наоѓа во срцето на муслиманите, со неговата правда, храброст, милост и јунаштво, постоjано располага со поразлично (исклучително) место и кај неговите противници, претседателот Ердоган го рече следното: „Најголемиот аманат којшто ни го оставил Селахаддин Ејјуби, е ослободувањето од окупацијата на крстоносците и повторното стекнување со својата слобода на Ерусалим (Кудс) нашата втора кибла. Оние кои го кренаа повторно на нозе Ерусалим (Кудс) се нашите предци кои повторно го доведоа во безбедна татковина (земја) за припадниците на сите верувања.“

Ердоган напомена дека да се застане во одбрана на Ерусалим (Кудс), да му се покаже потребната почит и чувствителност е задача на секој муслиман, а воедно го рече следното: „Секоја иницијатива за легитимизирање на израелската окупација, одобрување на планот за окупација на палестинските територии, негирање (сметање за ништовно) на легитимните права на нашите палестински браќа, значи предавство на аманетот на Селахаддин-и Ејјуби.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган посака „Меѓународниот симпозиум Селахаддин Ејјуби“ којшто се организира во период кога растат овие видови обиди под името „чекори за нормализација“ (потпишаните договори за нормализација во Белата куќа на Израел со Обединетите Арапски Емирати и Бахреин) да стане повод за добри работи од аспект на благосостојбата на уметот (муслиманите) и иднината на Ерусалим (Кудс), во усогласеност со волјата на Селахаддин Ејјуби.



Слични вести