Министерството за национална одбрана на Турција: Ерменија 30 години како претставува пречка пред мирот и спокојството во регионот
Министерството за национална одбрана соопшти дека Ерменија исто како и пред 30 години ѝ денеска претставува пречка пред воспоставувањето на мирот и спокојството во регионот

Министерството за национална одбрана побара од припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ во Нагорно Карабах да го напуштат подрачјето.
Министерството привлече внимание кон нападите на Ерменија врз цивилите на териториите на Азербејџан и соопшти дека Ерменија која изврши масакр во Хоџали без да прави разлика меѓу деца, жени и стари, исто како и пред 30 години ѝ денеска претставува пречка пред воспоставувањето на мирот и спокојството во регионот.
Во соопштението воедно се нагласува дека терористите, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои ги напаѓаат цивилите и соработуваат со ерменските терористи веднаш треба да го напуштат подрачјето.
Инаку, во медиумите зазедоа место вести околу тоа дека Ерменија во последно време голем број припадници на терористичката ПКК/ЈПГ од Сирија и од Ирак пренесе во Нагорно Карабах, за поддршка на ерменските сили.
Слични вести

Ердоган: „До крајот на 2023 планираме да завршиме 150 подземни брани“
Се надевам дека во Дијарбакир нема да оставиме ниту еден сантиметар земја без вода