Калин: „Турција ќе продоли со поддршката на Азербејџан“

Не е можно да се изгради одржлив мир кој не се заснова на правда

1502483
Калин: „Турција ќе продоли со поддршката на Азербејџан“

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин рече дека Турција ќе продолжи со подршката на Азербејџан.

Ибрахим Калин во интервјуто за една приватна телевизија во жовп направи проценка на актуелните случувања.

На едно прашање во врска со развојот на случувањата меѓу Азербејџан и Ерменија, Калин рече: „Не е можно да се изгради одржлив мир кој не се заснова на правда“. Калин потсети дека кризата меѓу двете земји започна со ерменската окупација на азербејџанските територии.

Потенцирајќи дека тројката од Минск (Соединетите Американски Држави (САД), Русија и Франција) не беше ефикасна во решавањето на проблемот, Калин изјави дека кризата не може да се реши, освен ако не се одржливи условите за обезбедување на примирјето.

Наведувајќи дека решението на прашањето Карабах лежи во окончувањето на ерменската окупација на азербејџанските територии, Калин рече:

„Ррамката изнесена од страна на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев сметаме дека е правилна и ја поддржуваме. Бидејќи како што претходниот ден самиот рече: „Ако Ерменија се повлече од овие територии, веднаш ќе има прекин на огнот, ќе биде доставена хуманитарна помош и во регионот ќе дојде мир.“ Ние го поддржуваме Азербејџан врз основа на овој фундаментален принцип и ќе продолжиме да го поддржуваме.“

Нагласувајќи дека светското јавно мнение треба да го види фактот дека Азербејџан оваа борба ја води на сопствените територии, Калин рече дека Карабах е територија на Азербејџан во сите резолуции на Обединетите нации (ОН) и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Ерменската армија на 27 септември започна напади врз азербејџански цивили, додека азербејџанската армија возврати со контранапад и поврати некои окупирани места.



Слични вести